Кога бебето ја прекрива главата

Здравиот сон на секое бебе подразбира суво и чисто опкружување. На сонот на бебето влијаат повеќе фактори. Тврдата подлога за спиење исто така е неопходна.

Со цел ’рбетот на бебето правилно да се развива, неопходно е да спие на рамна површина, барем првите три или четири месеци. Потоа можете под главата да му ставите мала перница.

Меѓутоа понекогаш покривачите за деца се вистинска досада и за детето и за родителот. Она од што секој родител го плаши е задушување во сон, предизвикано од покривачот. И вашето бебе се покрива преку глава зарем не? Понекогаш ви изгледа дека тоа го прави намерено, па кога ќе и го тргнете покривачот од главата, по неколку минути тоа го враќа назад. Бебето се покрива преку главата несвесно, не затоа што му студи.

Бебето во првите месеци мрда со рацете и нозете на сите страни па несвесно го повлекува и покривачот преку глава. Секоја мајка ќе го тргне покривачот кога ќе го забележи тоа и тоа е лесно преку ден, но што да правите во текот на ноќта, кога и вие спиете?

Педијатрите велат дека родителите не треба да се грижат и дека природата се погрижила за многу појави, па така и за оваа. Кога на бебето ќе му снема воздух под покривачот, ќе почне да мрда, повторно мрдајќи ги рацете и нозете барајќи излез. Природниот нагон за одржување го тера бебето самото да бара излез.

Од друга страна, велат педијатрите, доколку бебето, премногу се вплетка во покривачот и почувствува дека самото не може да го реши проблемот, ќе ви го соопшти тоа со својот глас. Бебињата плачат изразувајќи ги своите емоции, како позитивните, така и негативните, така ќе биде и доколку се зароби во покривачот.

- Реклама -