Го фатиле крадецот, откако му паднале 2.000 градници врз глава

Кога слушнале силен звук од станот, соседите веднаш јавиле во полиција. Благодарение на срушениот таван и 2.000 парчиња долна облека, крадецот бил разоткриен.

Најозлогласениот кинески крадец на долна облека, го тероризирал своето соседство повеќе од 10 години, но на крајот бил разоткриен како резултат на чуден сплет на околности.

Имено, 30 годишниот крадец, наречен Тан, влегувал во становите во станбен блок во градот Јулин. Во текот на децениски кражби, успеал да обие 750 стана, за да краде женска долна облека. Она што соседите не го знаеле е тоа дека крадецот им бил постојано пред очите.

Откако зел се што му се допаѓа, на таванот го криел својот „плен“ се додека еден дек робата не станала претешка за плафонот.

Кога се слушнал силен звук од неговиот стан, соседите повикале полиција.

Така поради срушениот плафон и 2.000 парчиња облека, крадецот бил разоткриен.

Не му преостанало друго освен да се брани дека има ментално пореметување и дека не знае кога започнала неговата опсесија.

Инаку, во Кина постои и развиен бизнис за продажба на искористена долна облека.

- Реклама -