Дали сте го сонувале овој човек?

evdrtmanСекоја вечер илјадници луѓе околу светот го сонуваат ова лице. Дали и вие сте еден од нив?

Секоја вечер илјадници луѓе околу светот го сонуваат ова лице. Дали и вие сте еден од нив?

have-you-seen-this-man-in-your-dreams-17877-1255531498-7

Се започна во јануари 2006 кога еден пациент на еден познат психијатар го нацртал портретот на еден човек за кој тврдел дека постојано се појавува во неговите соништа и го советува за различни нешта. Сликата останала заборавена на масата од докторот, каде некој друг пациент го препознал како човекот кој постојано се појавува во неговите соништа и го советува исто така!

Со малку истражување беа откриени други пациенти кои го сонувале ова лице. До денес, најмалку 2.000 луѓе незнаејќи за другите исти такви случаи, нацртале или дале инструкции да се нацрта токму ова лице. Овие луѓе живеат на сите краеви на земјата: Њујорк, Лос Анџелес, Берлин, Сао Пауло, Техеран, Пекинг, Москва, Рим, Барселона, Стокхолм, Париз, Њу Делхи… Сите тие тврдат дека човекот од сликата редовно ги посетува во нивните соништа и им зборува што треба да прават во нивните животи.

Има различни теории зошто ова лице се појавува често во соништата на многумина, но досега не е понудено дефинитивно објаснување, ниту пак овој човек е идентификуван со некоја вистинска личност. thisman.org е веб страница основана со цел да ги обедини сите луѓе во чии соништа константно се појавува овој човек и да открие која е вистинската причина за тоа.

- Реклама -