Google се откажа од производството на Nexus 5

Google се откажа од производството на Nexus 5.

Информацијата беше потврдена од портпаролот на компанијата, кој истакна дека ако корисниците сакаат да се здобијат со овој уред, мора да го сторат тоа додека се уште има достапни примероци.

Оваа вест доаѓа  откако Google ја отстрани црвената и белата верзија на Nexus 5 од Google Play Store. Во моментов  се нуди само црната опција, моделите со 16 / 32GB се веќе откупени, што покажува дека најверојатно останал лимитиран број на уреди.

И покрај сè, Nexus 5 останува извонреден Android телефон. Направен од LG, тој е со 5-инчен 1080р дисплеј, процесор Snapdragon 800, 2GB RAM меморија и оперативниот систем Android 5.0 Lollipop.

Со овој потег технолошкиот гигант се надева дека ќе го насочи вниманието на повеќе потенцијални купувачи кон новиот Nexus 6.

- Реклама -