Сите благодети на киселата зелка

Не само што киселата зелка е дел од речиси секоја македонска трпеза, туку е и многу здрава. Заради нејзината вклученост во нашите омилени јадења, како што е сармата и подварокот, но и заради својот исклучително лековит состав, киселата зелка заслужува почесно место во исхраната.

 

ПРИРОДЕН ПРОБИОТИК

Процесот на киселење и дава на зелката пробиотички својства. Во ферментацијата учествуваат многу здрави бактерии што поволно влијаат на варењето. Поради тоа, киселата зелка особено се препорачува по земањето на антибиотици, за да се обнови цревната флора. Расолот е и одличен извор на витамин Ц. За неговата лековитост говори и древната пракса на морепловците, кои задолжително носеле кисела зелка кога оделе на долги пловидби, заради превенција од скорбут – болест која настанува по долготраен недостаток на Ц витамин.

 

ДЕЛУВА ПРЕВЕНТИВНО НА ПОЈАВАТА НА РАК

Брокулите, зелката и карфиолот се одлична храна за превенција од рак. Сепак, една финска студија покажува дека киселата зелка е подобра во штитењето на организмот од рак од суровата зелка. Ваквата предност се должи на тоа што при киселењето се создаваат изотиоцијанати кои имаат антиканцерогено дејство. Исто така, глукозинолатите во киселата зелка ги активираат природните антиоксидантни ензими кај луѓето, додека флавоноидите ги штитат ѕидовите на крвните садови од оштетувања.

 

ГИ ПОЈАЧУВА КОСКИТЕ

Високата концентрација на минерали во киселата зелка ја прават одлична за појачување на коските и превенција од остеопороза. Покрај тоа, содржи и прилично многу витамин К, кој е исто така значаен за здрави коски – произведува протеини кои ја регулираат минерализацијата.

 

ЗА ЗДРАВО СРЦЕ

Големата количина на влакна во киселата зелка е одлична за правилно варење, но и за здравјето на срцето и мозокот. Влакната го помагаат регулирањето на лошиот холестерол, со што се смалува ризикот од артеросклероза, како и од срцеви и мозочни удари.

kiseli-kupus[1]

- Реклама -