Сатански гуштери – застрашувачки мајстори на камуфлажата

Повеќе...За помалку искусното око ова може да изгледа како лист, но ова е всушност гуштер со неверојатна способност за камуфлажа.


За помалку искусното око ова може да изгледа како лист, но ова е всушност гуштер со неверојатна способност за камуфлажа.

article-0-06CDF2DA000005DC-612_964x592

Овој вид на гуштери кои заради застрашувачкиот изглед го добиле името Сатански  (Uroplatus phantasticus) можат да достигнат големина до 9cm, а нивниот дом се наоѓа во Мадагаскар. Тие имаат неверојатна способност да се камуфлираат за да изгледаат како исушен лист и така совршено да се вклопат во нивната природна околина – дождовните шуми во Магадаскар, егзотичниот остров на источниот брег на Јужна Африка. Нивното име „Сатански“ доаѓа оттаму што тие изгледаат како да имаат рогови, а некои видови имаат црвени очи.

phantasticus01

Овие гуштери се едни од најуникатните видови од Мадагаскар. Кога спијат на гранките од дрвјата тие можат да ја прилагодат нивната боја да одговара на околината. Неактивни во текот на денот, се движат само кога нешто ќе ги вознемири, а во текот на ноќта ловат инсекти. Семејството гуштери кои се преобразуваат во исушен лист има девет членови, чија големина варира од 8 до 30см. Кога лежат на гранка покриена со мов или со лишаи речиси е невозможно да се забележат. Нивната камуфлажа е толку успешна што некои нови под-видови сè уште остануваат неоткриени, до ден денес. Локалните луѓе се плашат од нив и ги поистоветуваат со ѓаволот. Кога се вознемирени, ја отвораат широко устата која е светло обоена и испуштаат звуци на шиштење.

UROPLATUS_FIMBRIATUS

- Реклама -