Тивка саботажа: Безжичниот интернет и рутерите имаат опасни последици по здравјето

Каблите ги сведовме на минимум, а безжичниот интернет на максимум. Но, рутерите и wireless комуникацијата кријат опасности на кои ретко внимаваме.

Безжичните рутери и модеми испраќаат сигнали до уредите преку ѕидовите во вашиот дом врз принцип на електромагнетно зрачење. Ако зрачењето продира низ ѕидовите и солидните бариери, зошто не би продирало и низ вашето тело?

Ако сте во Wi-Fi дометот, значи дека се наоѓате во опасна зона на изложеност на зрачење. Дополнителен проблем е што никој не ја гаси Wi-Fi мрежата, речиси никогаш. Така, изложени сте на зрачење 24 часа дневно, ако не од вашата безжична мрежа, тогаш од таа на соседите. Во превод, потполно сте опкружени со масовен бран од EMF (електромагнетна фреквенца).

111Wireless%2BDevices%2B13613392_hiweb[1]

Интернет провајдерите и IT маркетите нудат и продаваат рутери како да се бонбончиња, без да ве предупредат на последиците по здравјето. Па, мора да се тестирани, нели?

… Делумно. Рутерите емитираат електромагнетно зрачење на ниско ниво, ниво кое се смета за безбедно по здравјето, но до извесна мера. Вистината е дека електромагнетните фреквенци не се тестирани, бидејќи првобитно не постоела намера да се користат 24 часа дневно.

Радио сигналите на Wi-Fi модемите имаат речиси иста фреквенција како микробрановите печки кога загреваат храна. Постојат студии кои покажуваат дека долгорочната изложеност на EMF може да доведе до оштетувања на мозокот, губење на меморија, па дури и тумори. Нискофреквентните EMF бранови, се чини, го пореметуваат енергетското поле на самото тело, што може да доведе до несвестица, рак, и во краен случај, промена на ДНК-та.

Симптомите се бројни и разновидни, а меѓу нив се и аритмија, вртоглавица, главоболка, лоша концентрација, дигестивни проблеми и депресија. Многу луѓе тврдат дека имаат проблеми заради изложеноста на Wi-Fi, а дека се чувствуваат подобро штом ќе ја исклучат безжичниот сигнал.

Пред извесно време, во Данска беше спроведена интересна студија во која студентите тестирале семе на брзорастечка билка во две соби. Со двата примерока се постапувало со сосема идентични методи, освен што во едната соба семето било поставено помеѓу два Wi-Fi рутера. 12 часа подоцна, семето изложено на EMF не успеало да изрти, за разлика од семето во другата соба.

Во максимално вмрежен свет, тешко е да ги избегнеме негативните влијанија. Но, имајте ги последиците на ум и барем исклучете ги Wi-Fi мрежите секогаш кога не ви се потребни.

- Реклама -