На ова кученце шишањето му го спаси животот

Шишањето може да сочува нечиј живот! Доказ дека ваквиот феномен е вистинит е Чарли, кучето кое после неговиот „третман за разубавување“ беше вдомено. osisali-psa-2Оваа приказна со среќен крај се одвивала во Лос Анџелес. Шинтерите го собрале Чарли од улиците и го одвеле во едно од прифатилиштата за улични животни. Кученцето било изгладнето, крзното му било валкано, залепено и заплеткано.

Чарли во ова прифатилиште го очекувала сигурна смрт, бидејќи кучињата кои после една седмица не се посвојуваат, најчесто ги успиваат. Единствен спас бил некој да го прими во својот дом. На негова среќа, активистите на една организација за заштита на животните дошле до генијална идеја.

osisali-psa-3Тие му го скратиле крзното, го избањале и во целост го промениле физичкиот изглед на Чарли. Оваа промена му донела голема среќа, па така, за само два дена ова кученце било вдомено.

Ова е неговата приказна…

- Реклама -