Kaspersky Lab ќе заштити 9000 деца онлајн во 2015 година

Kaspersky Lab и European Schoolnet објавија заедничка иницијатива која ќе го зголеми износот на поддршката дадена за децата кои биле изложени на сајбер-насилство во Европа.

Линијата за помош Insafe Helpline Fund е отворена во партнерство со European Schoolnet (Европската училишна мрежа) и соработката ќе донесе зголемување за 12 % во капацитетите во доменот на повици кон линијата за помош низ Европа. Линиите за помош се достапни за оние кои се засегнати од онлајн проблеми, вклучувајќи сајбер-насилство, онлајн злоупотреба и загриженост за онлајн репутација.

European Schoolnet, Insafe мрежата и Kaspersky Lab се посветени на подобрување на семејната безбедност на свој начин, секој фокусирајќи се на намалување на негативните ефекти од интернет проблемите на родителите, децата и младите луѓе. Соработката е првиот чекор во решавањето на оваа заедничка загриженост, секој давајќи ја својата уникатна екпертиза за да промовира и поттикне дигитално државјанство во иднина.

Kaspersy Lab ќе донира едно евро до Insafe линијата за помош за секој продаден уред Kaspersky Total Security – Multi Device во Европа во текот на декември 2014 година, со гаранција за да се обезбеди минимум донации за дополнителни 9000 повици во 2015 година.

- Реклама -