Нешто чудно експлодираше на небото над Русија

Неколку видеа сведочат дека на 14-ти ноември, на ноќното небо над Русија се појавила интензивна и мистериозна светлина, налик на експлозија. Научниците, како и локалните власти од регионот Свердловск, сеуште не знаат за што се работи, ниту од каде доаѓа.

Уште едно:

Има неколку теории за потеклото на феноменот – метеор, воена вежба или експлозија на блиската фабрика. Засега, ништо од ова не е потврдено.

Руските астрономи не можат да се согласат на темата. Вадим Крушински тврди дека бојата на одблесокот ја отфрла теоријата за метеор, но неговиот колега Виктор Гроковски е убеден токму во спротивното.

„Личи на метеор што паѓа. Заради ниските облаци, метеорот согорува над нив, па го осветлува целото небо“, вели Гроковски за 66.ru.

Рускиот армиски прес сервис вели дека тие немаат никаква врска со настанот.

„Никакви воени вежби или тренинг не беа во тек тој ден, и нема воени бази во тој регион“.

Ниту теоријата за експлозија на фабрика не најде поткрепа.

„Регионалните итни служби велат дека нема пријавени несреќи кои би биле поврзани со настанот што е снимен. Ниту пак бил пријавен некаков звук на експлозија.“
Некои од интернет коментаторите сметаат дека се работи за испуштање на запален гас од страна на хемиска фабрика или рафинерија. Наводно, таквата пракса е честа и има обичај да го осветли небото со таков портокалов одблесок. Сепак, во таквите случаи светлината би траела многу подолго.

Засега, чудната експлозија останува само уште една на листата мистерии што се случија во Русија во последно време.

- Реклама -