15 работи за спиењето кои не сте ги знаеле

Спиењето е апсолутно неопходно за сите луѓе. Иако научниците сè уште не го разбираат комплетно процесот, сепак има многу работи кои ги знаеме. На сите цицачи, птици како и повеќето рептили, водоземци и риби им е потребно спиење за да можат да функционираат.

спиење1. Што се случува додека спиете: Вашиот мозок одмора и се полни со енергија, сите ваши клетки се поправаат и вашето тело испушта хормони кои се важни за неговото функционирање.

2. Со вашата возраст се менува и должината на спиење која ви е потребна: Бебиња – 16 часа, 3 до 18 години – 10 часа, 19 до 55 – 8 часа, над 65 – 6 часа.

3. Мажите сонуваат мажи 70 проценти од времето, жените сонуваат подеднакво и за мажи и за жени.

4. Во нашите сонови можеме да видиме само лица кои веќе сме ги виделе, без разлика дали активно се сеќаваме на нив или не.

5. Парасомниа е тип на растројство кое ве тера да правите неприродни движења додека спиете. Криминални дела направени под дејство на парасомниа се: возење спиејќи, пишување на лажни чекови, убиство, злоупотребување на деца, силување.

6. 12 проценти од луѓето сонуваат само во црно-бело. Оваа бројка била поголема, но од создавањето на телевизија во боја сè помалку луѓе сонуваат црно-бело.

7. Сонувањето е нормално. Луѓето кои не сонуваат најчесто имаат растројства на личноста.

8. Положбата за време на спиење може да го одреди вашиот карактер. Најчестите положби се:

спиење

a. Фетус (41 процент) – луѓето прво изгледаат груби, но имаат топол и отворен карактер;
b. Трупец (15 проценти) – друштвени пеперутки;
c. Сонувачот (13 проценти) – навидум се отворени, но се сомневаат на сè околу себе;
d. Војник (8 проценти) – резервирани;
e. Слободен пад (7 проценти) – забавни и одлични на забави и
f. Морска ѕвезда (5 проценти) – одлични слушачи.

9. Еден од четири брачни парови спијат во одделни кревети.

10. Британските војници први развиле метод за да останат будни 36 часа без спиење. Кога им се приспива ставаат специјален визир кој ја симулира светлината на изгрејсонце, и тоа ги буди.

11. Цицачи кои спијат најдолго: коали – 22 часа дневно, кафеав лилјак – 19,9 часа дневно, панголин – 18 часа дневно. Цицачи кои спијат најкратко: жирафи – 1,9 часа дневно (во сесии од по 5-10 минути), срна – 3,09 часа дневно, азиски слон – 3,1 час дневно.

12. Кога делфините спијат, само половина од нивниот мозок се исклучува, другата половина останува будна за да го регулира излегувањето на површина за воздух.

13. Побрзо се умира поради недостиг на спиење отколку поради недостиг на храна. Без храна може да се живее и до две недели, додека десет дена без спиење се смртоносни.

14. Слепите луѓе сè уште гледаат слики во соновите. Луѓето кои се родени слепи во соновите искусуваат: емоции, звук, мирис и допир наместо вид.

15. Пет минути откако ќе се разбудите веќе сте заборавиле 50 проценти од вашиот сон. Десет минути по будењето 90 проценти се загубени.

- Реклама -