Кина ја испрати првата жена тајконаут во вселената

До сега Кина има испратено шест астронаути, сите шест биле мажи. Но тоа наскоро ќе се промени. Кинеската вселенска станица наскоро ќе ги добие првите жители, и меѓу нив ќе биде и првата жена астронаут на Кина.

Деновиве Кина ќе испрати три астронаути (познати како тајконаути) на мисија за докирање со Тиангонг-1, првата кинеска станица во орбита, и еден од нив ќе биде жена која допрва треба да биде одбрана. Мисијата Шенжу 9 треба да биде лансирана во средината на јуни, најверојатно околу 16 јуни, и ќе се докира со тест модулот Тиангонг-1 кој е веќе во орбита.

Жената ќе биде одбрана од два кандидати – Лиу Јанг и Ванг Јапинг – според кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Двете се членови на ескадронот Вухан на Кинеското Воено Воздухопловство. „Тие се избрани како членови на првата група женски астронаути од Кина поради нивната извонредна способност за летање и психолошкиот квалитет“ објавиле од Ксинхуа.

Ако мисијата е успешна таа ќе ја донесе Кина еден чекор поблиску до создавање на единствената вселенска станица (земјата планира да состави станица од 100 тони до 2020 – во исто време Меѓународната Вселенска Станица би требало да биде повлечена од употреба и отстранета од орбитата). Ова исто така ќе ѝ обезбеди дека младата кинеска вселенска програма нема да биде машко друштво како почетоците на американската програма. [China to send first female taikonaut into space]

- Реклама -