Растение што се храни со стаорци (видео)

Повеќе... Тим од ботаничари на експедиција на Филипините открија месојадно растение кое е толку големо што се храни со стаорци.


Тим од ботаничари на експедиција на Филипините открија месојадно растение кое е толку големо што се храни со стаорци.

rastenie-1.jpg

Ова растение, за кое се верува дека е најголемото месојадно растение што постои, беше откриено високо на планината Викторија на Филипините од страна на двајца експерти – Стјуарт МакФерсон и Алистер Робинсон. Тие биле потикнати да појдат и да го побараат од приказните на двајца христијански мисионери кои се искачиле на планината во 2000 година.

Стаорците и другите животни кои ќе се најдат во замката на растението бавно се разложуваат со помош на дигестивните ензими. Од листовите на ова растение се создаваат огромени пехари (голeми и по 120cm) кои се полнат со вода и нектар и на тој начин се привлечни за инсектите и за глодарите. Пленот привлечен од миризбата на нектарот паѓа во замката, каде се дави или умира од исцрпеност пред да биде сварен од дигестивните ензими.

Бидејќи растат на тло каде нема доволно хранливи материи, месождерките нив ги надоместуваат фаќајќи животински плен. Неверојатен е фактот што растението кое го доби името Nepenthes attenboroughii, според истражувачот и документаристот сер Дејвид Атенбороу, останало неоткриено сè до 21 век. А  сега погледнете како изгледа едно растение што се храни со глодари во акција.

{youtube}EZfOYm7WcKc&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -