Автомобилскиот пазар на САД ги надмина очекувањата

Производителите на автомобили во САД евидентираа одлична продажба во октомври, надминувајќи ги и најоптимистичките прогнози на аналитичарите. Исклучок прави само пазарниот лидер General Motors, пишува CNBC.

Продажбата на Fiat Chrysler во САД во октомври забележа раст од 22% во споредба со истиот месец минатата година, а главната заслуга паѓа на пикапите на производителот и теренците на брендот Jeep. Кај Ford реализациите во октомври имаапад од 2,0%, или 188,654 продажби. Резултатот сепак за околу 6,000 единици подобар од предвидувањата од аналитичарите на Reuters. Пикапот Ford F ја задржува својата позиција на најпродаваните автомобили во земјата, но сепак има пад од 0,6%, или 63.000 единици. Резултатот на Ford F сепак е очекуван, бидејќи производителот е во процес на замена на генерациите на моделот, кој веќе ќе се потпира на алуминиумска платформа.

Општо земено предвидувањата за продажба на автомобили во САД за 2014 година покажуваат раст од 6,0%, до 16,5 милиони единици.

Јапонските компании Nissan и Honda исто известуваат за повисока продажбата на нивните теренски модели во октомври. Продажбата на Nissan се зголеми за 13,3% до 103.117 возила, надминувајќи ги прогнозите за 11 проценти. Кај Honda исто така има зголемување во продажба – 5,8%. Најпродаван модел на брендот беше CR-V со 29.257 продажби и раст за 30%.

Продажбата на GM се за 0,2% подобри од резултатите во октомври 2013 година, или 226.819 продажби, но во исто време се со повеќе од 5.000 возила послаби од очекуваното.

- Реклама -