Пудра…

Во мала убава кутија, со пријатен мирис, пудрата е прв помошник во создавањето на совршена шминка.

 

Таа го прикрива мрсниот сјај на кожата и го изедначува тенот. Во минатото пудрата била подигната на пијадестал. Користена е не само за лице, туку и за тело. За прв пат таа се појавува во Антички Египет, каде Клеопатра ја користи како средство за разубавување на лицето.

8143QcAaFtL__SL1500_

Пудрата била и постојан придружник на Маркиз де Помпадур (миленичката на кралот Лудвик XV). Во тоа време темниот тен не важел за атрактивен, како што е денес. Бил својствен на сиромашните жени кои работат под зраците на сонцето. Дамите од високите слоеви на општеството ги криеле  знаците на замор под густите слоеви на пудра, најчесто сосема бела. Нанесувале толку многу од „ѕвездениот прав“ што понекогаш ги бришеле вистинските црти на лицето.

rococopastel1

Во некои држави и времиња, пудрата била користена и од двата пола. Во различни земји таа вклучувала рaзлични состојки како креда и ориз.

Денес таа може да биде сјајна, проѕирна, бронзена, минерална или мат. Постои антисептичка пудра, наменета за проблематичните кожи. Содржи антибактериски и противозапалителни состојки. Не содржи масти и ароматични материи.

Во продолжение еве еден брз рецепт за пудра во домашни услови

Потребни производи:

1 лажица пченкарно брашно

1/2 лажички бебешка пудра

прицврстувач

какао во прав

Начин на подготовка: Внимателно измешајте ги состојките и држете ја пудрата во лименка со добро затворен капак. Нанесувајте рамномерен слој од неа врз претходно исчистено лице.

- Реклама -