Имала крварење на носот, а кога отишла на лекар се шокирала

Кога забележала дека крвари од носот, Даниела Ливерани (24) од Единбург, не ни можела да замисли што ќе и пронајдат докторите. Мислејќи дека и пукнале капиларите, дознала дека во нејзиниот нос „живее“ пијавица со должина на прст.

523683_pijavica-01-foto-profimedia.rs_ffИмено, откако се вратила од одморот во југоисточна Азија, девојката забележaла крварење, но мислејќи дека станува збор за пукнати капилари не превземала никакви мерки, пренесува Телеграф.

Откако ниту после две недели крварењето не запрeло, решила да отиде на доктор. Тогаш следел шокот.

523685_pijavica03-foto-profimedia-rs_ff

„Паднав од мотор додека бев во Азија, па мислев дека тоа е причината за крварењето. Кога дојдов дома проблемот исчезна, но чувствував нешто во ноздрата. Се обидов да го издувам и да го извадам со прстите, меѓутоа неуспешно“, објаснила Даниела.

„Кога се туширав крвта ми дојде до горната усна. Отидов пред огледалото да проверам што е тоа, и тогаш сфатив дека во мојата ноздра има некакво животно“, додала таа.

Докторите ја ваделе пијавицата половина час. Тие претпоставуваат дека таа влегла во нејзиниот нос додека се бањала, или пак дека ја внесла пиејќи вода, но дека била многу помала во моментот на влегувањето.

523686_pijavica04-foto-profimedia-rs_ff

- Реклама -