Го користиме во секојдневната исхрана, па време е да ја решиме дилемата

Не ретко можеме да слушнеме или прочитаме за тоа како компирот треба да го избегнуваме но, ова е вистина само кога станува збор за пржен. Сепак, кога компирот ќе се свари или пак ќе се испече со лушпа, тогаш неговите здрави својства доаѓаат до израз.

Богат е со калиум

Еден голем компир содржи 1600 милиграми калиум. Тоа е половина од дневната препорачана количина и речиси четири пати повеќе одошто го има во бананата. Калиумот има голема улога во хидрирањето, работата на мускулите и крвиот притисок.

Богат е со влакна

Еден голем компир содржи седум грама влакна, што е четвртина од дневната препорачана количина. Но, важно е да се знае дека без неговата лушпа, самиот компир содржи еден грам. Намирниците кои се богати со влакна ви помагаат да се чувствувате сито подолго време, а исто така ја намалуваат опасноста од срцев удар, го намалуваат крвниот притисок и помагаат при спречувањето на дијабетес.

Содржи многу витамин Ц

Компирот содржи 29 милиграми витамин Ц, што е половина од препорачаната дневна доза, и третина од количината на витамин Ц кој се наоѓа во портокалот. Иако внесувањето на овој витамин нема преку ноќ да ја излечи вашата настинка, тој е важен антиоксиданс и помага при залекувањето на раните.

Важен извор на манган

Манганот е важен елемент во преработката на протеини, јаглени хидрати и холестерол, па е добар за зајакнување на коските. Еден компир со лушпа содржи 33 проценти од препорачаната дневна доза на манган.

Богат е со витамин Б6

Овој витамин ги штити кардиоваскуларните и дигестивните функции, го зајакнува имунолошкиот систем, и ги зајакнува мускулите и нервниот систем. Еден голем компир со лушпа содржи дури половина од препорачаната дневна доза на витамин Б6.

- Реклама -