Кога годините не се пречка

Повеќе... Еве неколку примери за тоа дека годините не се пречка за да се биде во топ форма, да се вежба јога, да се стане татко или да се биде модел. Погледнете и која е најстарата мачка, најстарата мајка и најстарата шега во светот.


Еве неколку примери за тоа дека годините не се пречка за да се биде во
топ форма, да се вежба јога, да се стане татко или да се биде модел.
Погледнете и која е најстарата мачка, најстарата мајка и најстарата
шега во светот.

1. Најстарата инструкторка по јога
a96747_a486_yoga-instructor.jpg

Bette Calman можеби има 83 години, но тоа не ја спречува да се витка во невозможни позиции и да ги користи придобивките на оваа стара Индиска дисциплина. Со 40-годишна инструкторска пракса зад себе оваа супер-бабичка е жив доказ дека посветеноста кон јогата ќе ве направи флексибилни како гума.

2. Најстарата мајка во светот
a96747_a486_oldest-mother.jpg

Запознајте ја Rajo Devi Lohan, индијката која во ноември 2008 го роди своето прво дете – на 70 години! Таа изјави дека тој момент го чекала повеќе од 40 години и дека планира да го дои своето новороденче најмалку 3 години. Којзнае, можеби и навистина ќе го направи тоа.

3. Најстариот татко во светот
a96747_a486_old-fahter.jpg

Најстариот татко во светот го доби својот 21 потомок на 90 години. Индискиот земјоделец Nanu Ram Jogi, во моментов во брак со својата четврта по ред жена, вели дека планира да го зголемува и понатаму своето потомство додека не наполни 100 години. Г-дин. Јоги признава дека не е сигурен колкава е точната бројка на неговото потомство со неговите четири жени, но вели дека бројката е некаде околу 12 синови, 9 ќерки и околу 20 внуци.

4. Најстарата мачка во светот (29 години)
a96747_a486_oldest_cat.jpg

Спајк, британскиот жолто-бел мачор, ја понесе титулата најстара жива мачка во Гинисовата книга на рекорди во 1999 година, кога имаше 29 години. Мерено во човечки години, Спајк би бил неверојатни 140 години стар, иако многу ветеринари не се убедени дека е валидно ваквото сметање на мачешките години (можеби затоа што се љубоморни на Спајк кој до крај ги носеше гордо сите свои заби и крзно). Како и да е, Спајк е сигурен рекордер во мачјиот
 вид каде животниот век е 15 години. Неговата сопственичка, ароматерапевтот Мо Елкин од Дорсет во Англија го купила Спајк во 1970. Таа  вели дека го хранела умерено со риби и мачешка храна помешана со малку алое вера за да го заштити од артритис и реума.

5. Најстарата манекенка (80 години)
a96747_a486_oldest-model.jpg

Во време опседнато со младоста и убавината, Daphne Selfe е добредојден доказ дека тие две не мора да се неодвоиво поврзани. Оваа бабичка има 60-годишна кариера на манекенка благодарејќи на нејзината грациозност и долгата, денес бела коса која без срам ја покажува. На 80-годишна возраст, таа е најстариот модел во Британија кој ги красеше модните ревии на Dolce & Gabbana, Tata-Naka и Michiko Koshino.

5. Најстарата скулптура во светот
a96747_a486_worlds-oldest-sculpture.jpg

Научниците ја открија најстарата скулптура која некогаш била направена и која покажува дека луѓето отсекогаш му се восхитувале на женските облини. 35.000 години старата скулптура е приказ на жена со големи гради и други сексуални карактеристики како широки колкови и испакнат стомак. Скулптурата од 6 сантиметри се смета дека била симбол на плодноста, позната е под името „Венера“ и беше пронајдена во една германска пештера.

6. Најстара шега во светот (стара 3.900 години)
a96747_a486_oldest-joke.jpg

Можеби мислевте дека шегите на вашиот татко се најстарите во светот, но тоа не е ништо. Тим од академици од Универзитетот во Вулверхемптон го открија најстариот виц на светот. Погодете за што се работи. Па, за испуштање на гасови. „Нешто што не се има случено од настанувањето на светот е младата жена да ‘пушти ветер’ во прегратката на својот сопруг.“ гласи најстариот виц кој ги засмејувал Сумераните во 1900 год. п.н.е.

- Реклама -