5 причини зошто мажите се плашат од обврски

Маж 9 од 10 девојки ќе ви кажат дека мажите се плашат од обврски. Ова и не е толку далеку од вистината. Постојат повеќе причини зошто мажите избегнуваат да влезат во сериозни врски, но овде ќе ги разгледаме петте најсилни.


9 од 10 девојки ќе ви кажат дека мажите се плашат од обврски. Ова и не
е толку далеку од вистината. Постојат повеќе причини зошто мажите
избегнуваат да влезат во сериозни врски, но овде ќе ги разгледаме петте најсилни:

Маж1. Ако вам ви кажат „да“, тоа значи дека му кажуваат „не“ на остатокот од светот. Да разгледаме една хипотетичка ситуација. Доколку ве побара за жена во сабота, кога ќе оди во понеделник на работа, ако сретне некоја убава девојка, веќе нема да може да започне разговор со неа, затоа што веќе се обврзал кон вас. Приказната зад оваа ситуација е дека тој секогаш ќе се прашува дали вие сте најдобриот партнер за него или само најдобрата девојка за излегување.

Решение: Овој страв може да се сузбие со соочување лице в лице. Треба да му кажете дека ставањето прстен на вашиот прст не го прави автоматски останатиот женски свет грд. Дозволено е тој да забележи некоја убава девојка исто како што вие можете да се загледате во некој во теретана. Не постои никаков проблем во гледањето, сè додека имате разбирање оти не треба да се презема ништо врз основа на вашите импулси.

2. Жените во списанијата и на телевизија изгледаат совршено.
Благодарение на сите техники на шминкање, светло, туширање и компјутерска графика, жените во списанијата и на телевизија имаат недостижен изглед. Понекогаш, мажите можат да добијат впечаток дека жените во Холивуд се будат наутро онака како што тоа изгледа на екраните. Потоа, ќе ве видат во тренерки и пред да станете свесни за тоа – се затрескале во Меган Фокс или Анџелина Џоли.

Решение:
Решението на овој проблем е прилично едноставно. Отворете некој сајт кој се бави со ловење славни личности без шминка и покажете му го. Откако ќе сфати дека и ѕвездите се луѓе во приватниот живот, резервирајте маса во некој добар ресторан и отидете дотерани на вечера. Откако ќе ве види во најдоброто издание, ќе му стане јасно дека и тој има некој гламурозен крај себе.

3. „Не сум подготвен да се откажам од излегувањата со другарите“.
Откако знае за себе, вашиот маж петочните вечери ги минувал со другарите. Одеднаш, се наоѓа во ситуација кога тие вечери ги минува во излегувања со други парови, гледање филмови дома, средби со роднини итн. Многу е лесно да го фати носталгија и да посака повторно да е со своите сингл пријатели.

Решение:
Кој вели дека бракот мора да е крај на машките пријателства? Дозволете му да излегува со другарите без пререкување. Ако не секој петок, барем еднаш до два пати месечно. Разговарајте за проблематиката на пуштање на други жени и потаму немате никави проблеми. Машките пријателства се здрави дури и за вашата врска.

4. „За врските не би требало толку многу да се работи“.
„Сè што правиме е – разговори, разговори и само разговори“. Вашиот маж можеби има премногу пријатели кои велат оти никогаш не се караат со партнерите или пак имал родители кои го штителе од брачните непријатности, па така никогаш не ја здогледал другата страна на долгите врски. Неколку длабоки разговори и тој можеби ќе почне да се прашува дали тоа не се почетните знаци на лоша врска.

Решение:
Клучот за добра комуникација е добриот тајминг. Откако тој се вратил дома по напорниот ден од работа не е баш умно да започнете со разговор на сериозна тема. Сторете го тоа кога ќе сте опуштени, кога ќе лежите на каучот, постепено доаѓајќи до темата на која имате наумено да разговарате. Исто така, помага и ако се здружите со друг пар кој отворено говори за своите проблеми. Откако ќе се запознае со нивните проблеми, тој ќе сфати дека не е сам во светот во кој постојат кавги.

5. „Не сум сигурен дали нештата кои ми пречат кај тебе се непремостливи“.
Вашиот маж сака 38 ваши карактеристики, но му пречат 4. Тој е во постојана недоумица и не може да се реши дали тие 4 нешта кои го нервираат ќе натежнат повеќе од оние 38 кои ги сака и дали по некое време ќе го полудат.

Решение:
Потсетете го оти сите луѓе имаат здодевни карактеристики кои можат некого да излудат. Тоа не важи само за партнерите, туку и за пријателите, познаниците, роднините итн. Не само вие, туку и тој има такви карактеристики. Но, тоа пак е целата поента на бракот – прифаќање на мааните заедно со доблестите.

- Реклама -