Малку реклама, малку IPhone, малку Тимберлајк

Аpple објави две нови реклами на IPhone 6 и IPhone 6 Plus со учевство на поп ѕвездата Џастин Тимберлајк и телевизискиот презентер Џими.

Двајцата веќе учествуваа во видеото што самиот Тим ​​Кук го користи за да ги претстави новите Smartphones . Новите реклами, го задржуваат истиот оригинален и забавен дух.

Во првото видео главните ликови се восхитени од новата камера во iPhone 6 и iPhone 6 Plus, а меѓу останатото комично обрнуваат внимание на клучните можности како снимање на бавно движење, тајмлапс или манипулација на времето и стабилизација на сликата во режим на видео запис.

Второто видео, може да биде опишано само со еден збор – „одлично”. Видеото е прилично забавно, со тоа што најверојатно има за цел да им контрира на негативните коментари околу големиот износ на новите смартфони. Проблемот сепак е дека двајцата не истакнуваат ниту една вистинска причина поради која поголемиот износ на екранот  дава предност пред iPhone 5S пример.

Општо земено видео клиповите се доста забавни, а ние се надеваме дека ќе има уште вакви реклами од серијата.

- Реклама -