Последниот танц на таткото и неговата ќерка

Лиза Вилсон неодамна го загубила својот татко, но успеала да го изигра последниот танц со него, кој е запечатен во ова неповторливо видео.

Лиза и нејзиниот вереник  Роберт закажале свадба неколку месеци порано, за да може нејзиниот татко да ја види омилената девојка во бел фустан и со маж покрај себе. Свадбата се одржала во болничката соба, со цел таткото да биде дел од овој возбудлив настан.

Убавата невеста споделила дека од мала и било сон да  се омажи и нејзините родители да бидат дел од среќниот момент.

Еден сон, кој што и покрај околностите стана реалност. Видеото е поставено на интернет со наслов „Најдобриот подарок кој што една ќерка може да подари”.

- Реклама -