Apple Watch е многу повеќе од „уште нешто”

Трачевите завршија: Новиот револуционерен производ од Apple e веќе тука. Уредот беше доставен лично од Тим Кук како традиционалното „уште нешто”. 

Шефот на компанијата го сумираше „новото поглавје во историјата на Apple” како комбинација од универзален фитнес уред и прецизен и персонализиран рачен часовник.

За постоењето на iWatch започна да се зборува уште во крајот на минатата година и реално целата манија околу најпаметните часовници беше предизвикана токму од овие гласини. Google објави целосно нов оперативен систем, а голем број производители веќе остварија еден или повеќе Android Wear часовници со една единствена цел: барем овој пат да ги „претркаат“ Apple во претставување на револуционерен производ кој што ќе создаде и предводи целосно нова производна машинерија.

iWatch со име Apple Watch  дефинитивно ги оправда очекувањата. Уредот има правоаголен дисплеј, заштитен со стакло од сафир. Сензорите под новиот екран може да откриваат не само допир, туку и нивоа на притисок. На овој начин навигацијата станува димензионална, со тоа што секое копче или мени може да има функција при благ или посилен допир.

apple-watch3

Рачните часовници користат делчиња за навивање и проверка на времето со децении. Apple Watch е првиот паметен часовник кој го користи овој елемент (како нешто различно од копчето), што компанијата го нарекува „дигитална коронка” и игра клучна улога во навигацијата на часовникот. Со него корисниците можат да приближуваат / оддалечуваат, бараат страници и менија, без да користат допир. Притискањето на круната ја игра улогата на home копчето.

apple-watch2

Apple Watch доаѓа со неколку иновативни и целосно нови технологии. Една од нив е т.н. „дигитален допир”. Преку соодветна апликација која се започна со копчето под круната, корисниците на часовникот можат да комуницираат едни со други само преку допир. Apple Watch го пренесува точниот број и форма на допири или гестови од еден уред на друг. Корисниците дури можат да го слушнат својот пулс, кој се чувствува во форма на вибрации.

Паметниот часовник на Apple поддржува интеграција со гласовниот асистент на iOS – Siri. Со притискање и држење на круната корисниците можат да поставуваат гласовни команди, за да ги контролираат функциите на Apple Watch или да диктираат пораки.

apple-watch5

Известувањата во новиот уред на Apple се нарекуваат Glances. Преку лизгање од почетниот екран корисниците имаат пристап до последните известувања за пораки, календарски настани и контрола над музиката.

Apple Watch има жироскоп, акцелерометар и сензор за пулс, кои ќе ги следат финтес активностите на носителите. Сите информации се синхронизираат со апликациите Fitness и Workout.

Кук не обрна особено внимание на софтверот од трети земји, но прецизира дека иднината на платформата се крие токму во апликациите.Програмерите ќе имаат пристап до SDK наречен WatchKit, преку кој ќе можат да креираат апликации за новиот производ. Кук сепак навести за неколку, преку кои што часовникот може да контролира Apple TV или да  визуелизира слика од камерата на  iPhone.

Засега Тим Кук не спомна ништо за животот на батеријата, но не пропушти да го пофали новиот иновативен начин за полнење – преку магнетен конектор кој се прикачува на задниот дел на часовникот.

Apple Watch ќе има три варијанти – Apple Watch, Apple Watch Sport и Apple Watch Edition. Часовникот ќе биде достапен во различни бои и материјали. Корисниците ќе можат да изберат повеќе спортски модели со силиконски поводник или луксузна опција, изработена од 18-каратно злато.

apple-watch4

Се разбира, Apple Watch ќе работи екслузивно со смартфоните на Apple, а освен новите iPhone 6 и iPhone 6 Plus ќе се одржуваат и iPhone 5, 5S и 5c.

Продажбата на Apple Watch ќе почне во почетокот на 2015 година по цена од $ 349.

- Реклама -