Нарачала банани, но тоа што и стигнало непријатно ја изненадило

Кога Аби Вудгејт ја отворила кутијата со банани, се изненадила од содржината која била сокриена во неа.

Имено, 30-годишната мајка имала нарачано од трговскиот ланец „Tesco“ достава за банани. Но, кога го отворила пакетот, останала буквално шокирана. Иако најпрво помислила дека бананите се полни со мувла, сепак, со помош на инспекција сфатиле дека овошјето е преполно со јајца од тропски пајаци.

bananas-eggs-spider-398684

Но, ниту тогаш, изјавила, не помислила на најлошото. Телефонски се јавила во Tesco и се пожалила на пратката, а во меѓувреме кутијата со банани ја исчистила со правосмукалка. Кога пристигнале луѓето од дезинфекција и дератизација, потврдиле дека станува збор за јајца од тропски пајаци, а первентивно и ја запалиле правосмукалката на Аби за да ги спречат пајаците од излегување.

Од Tesco добила извинување и совет, „доколку случајно види некој пајак, да го згмечи со нога“.

 

- Реклама -