Мажите се повалканиот пол

Вистина е, вашата тастатура е преплавена со бактерии. Но ако сте жена најверојатно имате помалку причини за грижа. Во нова студија научници земале примероци од различна канцелариска опрема од Њујорк, Сан Франциско и Тусон.

Тие нашле повеќе од 500 типа на бактерии, поголемиот дел од кои нормално живеат на нашата кожа или во носната и усната празнина. Столовите и телефоните имале собрано најмногу бактерии по што следувале бироата, тастатурите и клувчињата. Во неколку случаи микроби кои најчесто се наоѓаат во геотермални извори и на вулкански острови се вмешале со најчестите бактерии.

Разновидноста кај бактериите во Њујорк и Сан Франциско била речиси идентична и покрај растојанието од 4700 километри но оние во Тусон биле поразновидни и содржеле бактерии од пустинска почва крај оние од човечко потекло. Канцелариите во Сан Франциско имале најмалку бактерии, и додека канцелариите на мажи и жени ги содржеле истите бактерии, оние во кои работеле жени имале во просек 10 до 20 проценти помалку бактерии. [It’s official, men are the dirtier sex]

- Реклама -