Дали Гоген го пресекол увото на Ван Гог?

Повеќе... Според новата книга напишана од двајца германски историчари на уметноста, Ван Гог не си го пресекол неговото лево уво во напад на лудило и во пијана состојба во 1888-та. Според оваа нова верзија, неговото уво настрадало од мечот на неговиот пријател – уметникот Гоген, во пијана расправа околу една жена со име Рејчел и околу вистинската природа на уметноста.


van-gogh.jpgСпоред новата книга напишана од двајца германски историчари на
уметноста, Ван Гог не си го пресекол неговото лево уво во напад на
лудило и во пијана состојба во 1888-та. Според оваа нова верзија,
неговото уво настрадало од мечот на неговиот пријател – уметникот
Пол Гоген, во пијана расправа околу една жена со име Рејчел и околу
вистинската природа на уметноста.

Гоген, кој бил одличен мечувалец, бил во план да ја напушти „Жолтата куќа“ на Ван Гог во Арл, југозападна Франција, после една непријатен престој таму. Тој заминал од куќата со неговиот багаж во едната и неговиот меч во другата рака, но бил следен од изнервираниот Ван Гог, кој претходно фрлил чаша кон него.

Откако тие двајцата се приближиле кон борделот, нивната кавга кулминирала и Гоген го пресекол неговото уво со меч – или во напад на лутина или во самоодбрана. Потоа тој го фрлил оружјето во Рона. Ван Гог и го подарил увото на една од проститутките и се затететравил накај дома, каде полицијата го открила следниот ден, како што тврди оваа нова верзија на двајцата историчари.

Без сомнение е фактот дека Гоген престојувал кај Ван Гог, но многумина експерти веруваат дека тој си заминал оттаму пред инцидентот со увото. Иако германските историчари не нудат цврсти докази за нивнита верзија, тие  тврдат дека тоа би било најлогичното толкување на настанот што го објаснува фактот дека последните зборови кои Ван Гог му ги напишал на Гоген биле „Ти си тивок, и јас ќе бидам исто така“. [Van Gogh’s ear ‘was cut off by friend Gauguin with a sword’]

- Реклама -