Дали е ова најдобриот 3Д софтвер за фото-манипулација на сите времиња?

Фотошоп е гола вода во споредба со ова програмче.

Врвните американски компјутерски научници создадоа неверојатно парче софтвер. Програмерите од Carnegie Mellon и Универзитетот во Калифорнија објавија програма која ви овозможува неверојатна 3Д контрола над објектите во фотографијата. Софтверот има пристап до огромна онлајн архива на 3Д модели, што ви овозможува, на пример, да ја превртите столицата во фотографијата и да ја погледнете од сите можни агли. Програмата автоматски ја прилагодува текстурата и осветлувањето, додавајќи детали на објектот што не се содржани во оригиналната фотографија. Се разбира, потенцијалот е ограничен од достапноста на базични 3Д модели, но со мало пребарување на Гугл можат да се направат чуда.

Ефектот е импресивен, а научниците објавија промо-видео од процесот на манипулација.

Најдобриот дел во целата работа е што тимот објави линк на кој можете БЕСПЛАТНО да ја симнете и испробате програмата ТУКА. Дополнително, ако сте ентузијаст, можете слободно да ѕирнете и во деталниот извештај за компјутерската наука зад софтверот, како и да си поиграте со source-кодот, кој исто така е достапен до широката публика, а е полн со вакви нешта:

ajfqkrzm26jy6hnmggcw[1]

- Реклама -