Праски, „голи праски“ или праски со гаќи?

Додека нас се уште ни е забавен изразот „голи праски“, мислејќи на  оние мазните, во Кина решија да го направат најбизарниот производ на пазарот- праски со гаќи.

Луксузните кутии со праски, облечени во секси дамски гаќи, станаа хит во Кина, пишува американскиот весник. “Хафингтон пост”.

На изглед плодовите изгледаат како женски задник.

Да биде уште почудно тие биле наменети за подарок на фестивалот Чи Си – кинескиот еквивалент на празникот на вљубените Свети Валентин, кој се слави на 2 август.

Креаторот на трендот е некој господин Јао, сопственик на онлајн продавница за овошје во Кина. Тој дури аплицирал за патент за невообичаениот изум.

Сите бикини на праски се направени по мерка, според големината на обликот. 

Би купиле ли и вие ваков подарок?

photo of Продаваат праски со бикини

- Реклама -