Google ги подновува Docs, Sheets и Slides со материјален дизајн

Google Android апликациите постепено добиваат материјален дизајн со секое нивно ажурирање.

Но во последно време, интересен дизајн добија и веб компонентите на  Google Docs, Sheets и Slides.

Google започна со промоција на нивните кратки URL адреси, кои директно ќе не водат до конкретната услуга која се разбира има нов дизајн. Така на пример Docs ќе ја има оваа веб адреса: google.com/docs, Sheets оваа: google.com/sheet, а Slides оваа: google.com/slides.

Страниците на сите тие услуги од друга страна пак, изгледаат супер. Нивните содржини се поставени како визуелна мрежа, така што многу лесно може да се забележи материјалниот дизајн на страниците.

Иако се работи само за промени во прегледот на сите документи, но не и во уредувачите за документи, сепак чекаме коначна листа на промените кои досега Google ги има направено во овие делови, кои според нас изгледаат супер.

Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.

- Реклама -