Како Google Earth го промени светот

Свастика По појавата на Google Earth, станува сè потешко да се сокријат некои нешта. А поради популарноста на програмата, се случи да се промени и ставот на американската морнарица…

Поморската база Коронадо е лоцирана помеѓу заливот Сан Диего и Пацификот. Еден од комплексот згради, војничките бараки (32 степени и 40 минути северна географска широчина и 117 степени и 9 минути западна географска должина), погледнати од воздух, имаат форма на свастика. Кога горниот дел од мапата ќе го подредите да биде точно на север, тогаш свастиката се гледа под агол од 45 степени – токму онака како што е и на нацистичкото знаме. 

Свастика

Официјалниот став на воениот врв беше дека ова е настанато ненамерно и како последица на доградби во текот на годините и малку било веројатно дека за време на изградбата помеѓу 1967 и 1970 година, локалниот архитект Џон Мок си поигрувал со нацистички симболи. 

Коронадо

Секако, ваквото објаснување би држело вода, доколку не постоеја двата комплекси згради кои се во совршена линија со оваа. Ако малку го извадите зумот, ќе забележите дека тие два комплекса изгледаат како авиони кои ја напаѓаат свастиката. 

Слика од воздух
 

Сликите од воздух покренувале внимание и пред излегувањето на Google Earth, но како и кај секоја друга медиумска сензација, страстите се смирувале по многу кусо време. Откако револуционерната програма му дозволи на секој со пристап до интернет да се увери во изгледот на зградата, морнарицата на Америка навидум остана на својот цврст став дека нема потреба од промени, но во тајност, во 2007 година бил одобрен буџет од 600 илјади долари, за преуредување на покривите, со цел да се сокрие изгледот на свастика… 

- Реклама -