Повеќе од 20 загинати додека гледале фудбал во Нигерија

Повеќе од 20 лица загинаа, а 27 се ранети во експлозија која што се случила во  центарот на Даматура – каде што се прикажува Светското првенство во фудбал, соопшти претставник на специјалистичката болница „Сани Абача“ .

Бомбата веројатно била скриена во  моторизирана рикша пред центарот, каде што  се собираат луѓето за да ги следат фудбалските натпревари на големи екрани, пренесува Алџазира.

- Реклама -