Брзи и ефикасни маски за лице

Погледнете неколку предлог маски, кои што се сосема природни и лесно можете да ги направте сами.

Мед –  Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.

Жолчка од јајце –  Размачкајте ја на лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.

Белка од јајце –  Изматете ја белката додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.

Грозје Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.

Банана  Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.

Јогурт –  Аплицирајте го на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.

Јаболков оцет Разводнете го оцетот со вода и аплицирајте го на лицето со памук како тонер по миење на лицето секој ден и секоја вечер.

Маслиново масло Намачкајте на усните (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.

Сода бикарбона Употребете ја како ексфолијант за лице како додаток на редовниот “чистач” за лице,

Млеко –  Да, млеко. Размачкајте го на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.

- Реклама -