Среќен празник на сите „плавуши“

Денес  русокосите девојки го прославуваат својот празник . Меѓународниот ден на плавушите (31 мај) е одбележан за прв пат во 2006 година и не му останува уште многу , бидејќи се смета дека последната русокоса на Земјата ќе се роди во 2200 година во Финска, иако други научници ги имаат отфрлено овие тврдења .

Сепак тој „мит“ како што многумина сметаат, не го  измислиле злобните бринети во долгите и  осамени ноќи или предавничките цврвенокоси , туку германските антрополози . Имено, нивните сознанија од истражувања укажуваат  дека додека во последното столетие луѓето со природна  руса боја на косата изнесувале  49% од населението на земјата , во 21 век , има  само 14 % .

Благодарение на денешната козметика , сепак, секоја жена може да се претвори во русокоса , па  не е толку страшно.

Првата позната русокоса во историјата е божицата Афродита , за која што легендите велат дека ги добила златните прамени како подарок од Зевс . Се смета дека плавушите се појавиле  за прв пат на Земјата пред околу 11 000 години.

За разлика од лошата слава на денешните блондинки , во античка Грција , жените со руси коси се олицетворени на чистотата , невиноста и дури – божественоста . Во почетокот на 20 век светлите коси биле сметани од некои се знак на расна супериорност .

Денес плавушите се предмет на многу научни истражувања . Француските  научници докажаа дека при погледот  на блондинките,  мажите го губат разумот .

Друга студија , на експертите од Универзитетот во Квинсленд , Австралија , покажува дека плавушите заработуваат седум проценти повеќе пари од колешките со друга боја на косата.

Нема никаква мистерија во атрактивноста на рускосите луѓе . Од биолошка гледна точка сјајната коса и сините очи се рецесивен знак . Затоа и најжешките бринети го губат умот при погледот на русокосото суштество , инстинктивно чувствувајќи дека нивните доминантни гени ќе бидат победени од блондинката, па тоа ќе биде идеален чувар на „плавиот“ генетски материјал .

Покрај тоа русата коса подразбира повисоко ниво на естроген , кој е поврзан со плодноста .

- Реклама -