Aронијата како број еден антиоксиданс

Аронијата (лат. aronia melanocarpa)  e супер овошје, со потекло од Северна Америка, а поради способноста на преживување во најтешките услови некои ја нарекуваат сибирска аронија.Последните години таа е наречена антиоксиданс број 1, бидејќи спречува „напад“ на здравите ќелии во телото и крвната плазма, успорувајќи го со тоа процесот на стареење на организмот и спречување на развојот на хронични болести.

Од витамините содржи се – C, A, E, B1, B2, B3, B5, B6, B9, а од минералите е богата со цинк, железо, калиум, калциум, манган, фосфор и јод.

Аронијата му помага на организмот кај намалување на главоболката, проблемите со крвниот притисок, крвотокот, работата на бубрезите и црниот дроб.

Аронијата не е лек, но му помага на телото да го подигне имунитетот, затоа се препорачува и нема никаква штета од неа.

- Реклама -