Изгубен старец со Алцхајмер: Неговото пронаоѓање е пријатно изненадување…

Алцхајмеровата болест е ужасна здравствена состојба која најчесто се појавува кај лица над 65 години, и ги одалечува од нивните најблиски уништувајќи им го умот. При стареењето, тие забораваат кои се луѓето околу нив, па дури и кои се тие самите. Но, иако умот заборава, сепак, некои работи не можат да се избришат од срцето.

Така, пред три години Мелвин Амрин беше дијагностициран со оваа болест. ОД тогаш до сега, неговата сопруга Дорис, со која е заедно 60 години, несебично се грижи за него.

alzheimers3

Но, пред извесно време, кога таа не успеала да го пронајде никаде во домот, започнала да паничи помислувајќи на најлошото. Случајот го пријавила веднаш во полиција, по што тие го лоцирале за само неколку часа.

alzheimers4

Немилиот настан кој се случил за време на „Денот на мајките“, завршил среќно, бидејќи Амрин бил успешно вратен дома, и тоа со огромен букет цвеќе во рацете. Всушност, тоа и била причината заради која старецот скришум излегол од домот.

alzheimers1

Иако тој не може да се сети на многу работи поврзани со нив двајцата, сепак, длабоко во себе, тој никогаш не изумил дека таа е жената на која секоја година за овој ден и купувал прекрасни цвекиња.

 

- Реклама -