Згодни Македонки од нашето секојдневие во кампања за Veet

Светскиот бренд број 1 за депилација Veet, направи интересна фотосесија со згодни Македонки. Ивона, Јасна и Ивана се имињата на трите девојки кои изминатиот викенд се фотографираа за новата кампања на водечкиот лидер за производи за депилација. „Нашата замисла за оваа фотосесија беше да ангажираме девојки кои ќе претставуваат олицетворие на една модерна, софистицирана, енергична, самоуверена и секси девојка што знае што сака и не се плаши од предизвиците на животот. Производите на Veet се она што и е неопходно на една ваква девојка, затоа што брзиот и динамичен начин на живот налага користење на препарати за убавина што не одземаат многу време, а преку нив, на едноставен и лесен начин, сепак ќе се постигне посакуваниот ефект“, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Veet за Македонија.

Veet fotosesija(5)

За истакнување на сензуалноста и заводливоста на девојките на оваа фотосесија, освен производите на Veet, се погрижи и декоративната шминка на Seventeen, а за нивната облека беше заслужна реномираната модна дизајнерка Антонија Ристовска.

„Производите на Veet, треба да бидат застапени во колекцијата за лична нега кај секоја жена која постојано е во трка со времето, а се грижи за себе и сака за 5 минути да изгледа убаво и средено“, изјави Ивона Попчевска, една од моделите на оваа фотосесија.

Veet fotosesija(2)

Светскиот бренд на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина, а годинава за првпат го организираше настанот „Најубави нозе“, како и оваа фотосесија чии заштитни лица се обичните девојки, со која ќе се започне едукативната кампања наменета за млади девојки и жени.

Veet fotosesija(6) Veet fotosesija(10) Veet fotosesija(11) Veet fotosesija(12) Veet fotosesija(13) Veet fotosesija(15) Veet fotosesija(16) Veet fotosesija(17)

- Реклама -