Нова корист од образованието

Американски невролози ја утврдија врската меѓу нивото на образованието кај пациенти со траума на мозокот и нивната способност за обновување.Се смета дека образованието ги зголемува конгитивните резерви на организмот, односно способноста на мозокот да врши основни функции, независно од оштетувањето.

Тоа е евидентирано  на пр. кај  Алцхајмерова болест, чии симптоми се забележани во помала мера кај луѓето со повисоко ниво на образование,  кај ист степен на уништување на мозокот.

Специјалисти од медицинското училиште во Балтимор, одлучиле да разјаснат со што се поврзани варијациите во степенот на обновување на мозочните функции по повреда на главата.

Доктор Ерик Шнајдер и неговите колеги дошле до заклучок дека образованието е важен фактор кој помага при рехабилитацијата по повреди. Тие истражувале пациенти со повреди на мозокот добиени главно при несреќи или при паѓање.

Во истражувањето учествувале 769 пациенти на возраст од 23 години и повеќе, кои се наоѓале под лекарски надзор во текот на една година по инцидентот.

Пациентите биле поделени во групи по ниво на образование.

185 (24%) имале средно образование, 390 (51%)  завршиле се средно образование и дополнителни квалификации, на пр. на колеџ, а 194 (25%) биле со прогрес високо образование, односно посветиле барем 16 години на обука.

Една година по добиената повреда 219 пациенти (28%) се опоравиле  и можеле да се вратат на образованието или работа.

Според д-р Шнајдер кај  пациентите со едукација, еквивалентна на диплома, шансите за комплетно излекување се седум пати повисоки, во споредба со оние кои не имаат завршено средно образование.

Прашањето за тоа како образованието помага за заштита на мозокот од инвалидност се бара во длабочината на учењето, сметаат авторите на студијата, објавена во списанието Neurology.

- Реклама -