Превентивното користење на аспирин не е за секој

Аспиринот не би требало да го користите како превенција за болести од срце, бидејќи можете да предизвикате крвавење во желудникот и на мозокот.Еден аспирин дневно може да спречи срцев удар и шлог, но само кај оние кои веќе имале такви здравствени проблеми во минатото, додека кај оние кои немаат таква медицинскат историја, ваквиот потфат би можел да причини штета, предупредува Американската компанија за храна и лекови.

„ Од 1990. година медицинските податоци покажуваат дека кај луѓето кои имале искуство со инфаркт и шлог повременото конзумирање на аспирин може да спречи повторно да се појави тој проблем“, вели доктор Роберт Темпл. директор за клиничка наука при Агенцијата.

Меѓутоа, акј луѓето кои немале проблеми, аспиринот нема превентивен ефект, а дури може да предизвика опасно крвавење на мозокот или стомакот.

- Реклама -