Најголемиот пенис во светот ќе биде дониран во музеј

Џон Фалкон од Њујорк, кој е познат како мажот со најголем пенис во светот, веќе со години одлучно ги одбива понудите за ангажман во порно индустријата. Сега, Музејот за пениси во Исланд (The Icelandic Phallological Museum), излезе со предлог кој Фалкон едноставно не можеше а да не го прифати.

Управата на фалолошкиот музеј му гарантираше на 43 годишниот Њујорчанец дека неговиот пенис кој за време на ерекција е долг 34 центиметри, никогаш нема да биде заборавен.

PhalollogicalMuseum_WellingtonGrey

Имено, после смртта, неговиот полов орган ќе постане експонат во музејот во Рејкјавик во кој се веќе изложени пениси од 90 животински видови.

„Поласкан сум од оваа понуда и би ми било чест во вашиот музеј да биде изложена мојата машкост“, напишал Фалкон во својот одговор за музејот.

Џон Фалкон својот „дар“ го открил уште во средношколските денови, но дури кога станал повозрасен сфатил колку се разликува од останатите. Лицата кои работеле на еден аеродром оред неколку години го застанале поради „чудниот предмет во гаќите“, но со скенер било утврдено дека не носи ништо недозволиво.

pismo_03052014_huff

- Реклама -