Исхраната на мајката може да доведе до промена на ДНК-та на детето

Една нова студија, објавена во „Nature Communications“, покажа дека исхраната на мајката во периодот на зачнувањето може да влијае на одредени својства на ДНК-та на детето.

Тоа може да има доживотни импликации.

Истражувачите кои ја спроведоа оваа студија не беа во потрага по вистинските ДНК секвенци на децата; тие сакаа да видат дали исхраната на мајката може да предизвика епигенетски промени. Епигенетиката се однесува на промените во генетската експресија кои се јавуваат без промении во самата ДНК секвенца.

Еден пример на епигенетските модификации е ДНК метилацијата, која вклучува додавање на метил групи на одредени делови на ДНК-та. Метил групите можат да се добијат од јадење на одреден вид на храна, на пример храна која содржи холин или одредени витамини како што се Б6 и Б12.

Претходно било демонстрирано дека исхраната на мајките пред зачнувањето може да предизвика епигенетски промени кај потомството кај глувците, но истото не беше испитано на луѓе пред оваа студија.

Научниците одбраа да испитуваат бремени жени во руралната Камбоџа бидејќи населението таму зависи од храната која тие самите ја обработуваат и заради тоа нивната храна се разликува помеѓу сувата и врнежливата сезона. 84 жени кои зачнале во пикот на сезоната на дождови и 83 жени кои зачнале во пикот на сезоната на суша учествуваа во оваа студија.

Тимот земал примероци на крв од мајките со цел да ги споредат разликите во исхраната; особено тие сакаа да го видат нивото на супстанции кои можат да дадат метил групи, а со тоа и можно влијание врз ДНК метилација. Кога тие подоцна ја испитувале ДНК-та на децата, тие откриле дека оние зачнатите за време на дождовната сезона имале повисок степен на метилација во сите генетски студии кога биле споредени со оние кои биле зачнати за време на сувата сезона. Тие откриле дека овие промени се поврзани со нивото на хранливи материи во исхраната на мајките; особено две амино киселини: цистеин и хемоцистеин. Тие, исто така, откриле дека зголемениот индекс на масата на телото кај мајките е поврзан со понизок степен на ДНК метилација кај детето.

Важно е да се напомене дека додека беше направена поврзаност помеѓу исхраната на мајките и ДНК мелитација кај детето, оваа студија не ги истражувала последиците кои би можеле да ги имаат врз децата. Иако во оваа почетна студија се вклучени мал број на учесници, тимот верува дека податоците се важни и се надеваат да напредуваат во работата со поголема и подетална студија.

- Реклама -