Создадени се сапунски меури кои служат како екрани

Научниците  создадоа вискотехнолошки сапунски меури, кои служат како екрани.

Истражувачите од Универзитетот во Бристол имаат развиено машина за сапунски меури, врз кои се проектираат слики.

Уредот, наречен SensaBubble, прави меури со одредена големина и фреквенција, ги полни со пареа, која може да биде миризлива, го контролира нивното движење, ја следи нивната локација и емитува слики на нивната површина.

Сликите  исчезнуваат кога меурот ќе  пукне, но мирисот од внатрешноста  полека се шири и остава трага.

Според научниците технологијата би можела да се користи во области како образование и игри,  провоцирајќи нов начин на размислување, базиран на теоријата дека слоевите од информации што се претставени преку различни сетила и за различни временски периоди, предизвикуваат интерес на корисниците на поинаков начин.

„Човечкото сетило за мирис е моќно сетило, но истражувањата кои го испитуваат, не се многу. Ние го правиме првиот чекор во истражувањето на тоа како миризбите можат да се користат  и да оставаат долготрајна трага “, наведува професорот Срирам Субриманиан, кој работи на   интеракцијата помеѓу човекот и компјутерите во Универзитетот во Бристол.

- Реклама -