Tesla отвора фабрика во Кина

Шефот на Tesla, Елен Mаск, најави дека неговата компанија планира да почне производство на луксузниот седан, електричниot Model S, во Кина за 3-4 години.

Маск е во моментов во Кина, по повод официјалниот почеток на продажбата на калифорнискиот електромобил на локалниот пазар. Во моментов Tesla гради мрежа од станици за брзо полнење Supercharger во Пекинг и Шангај. Маск се надева на извонреден настап во Кина, бидејќи Владата на најбројната по население држава  во светот донесе закон за да се стимулираат оние кои сакаат да купат електромобил. Локалното производство на Model S ќе и помогне на Tesla да избегне 25% давачки на име царина, поради тоа што станува збор за увезени автомобили.

Во Кина американскиот електромобил чини 734.000 јуани (118.000 долари) во однос на оние 71.000 во САД, каде што на автомобилите на струја уживаат даночни повластувања и излегуваат уште поевтини. Во Кина исто така има премии за еколошко возење. Купувачите на електромобили можат да се потпрат на субвенција во износ до 18.000 долари, што исто така би и помогнало на Tesla доколку е домашен производ.

- Реклама -