Во затвор бидејќи е „предобар во кревет“

Ромео завршил во затвор бидејќи заради неговиот пребучен секс соседите не можеле да заспијат.

Ромео Артемио Лори е осуден на шест месеци затвор откако најмалку 12 соседи се пожалиле на гласното „стенкање“ кое доаѓало од неговата куќа. 42 годишниот Италијанец изјавил пред судот дека не е праведно да биде казнет само затоа што е „предобар во кревет“, пишува „Метро“.

Соседите сепак изјавиле дека Ромео постојано ги тероризирал со секс сеанси кои траеле и по повеќе часови.

Судијата пресудил во корист на соседите, сметајќи дека нивните жалби се разумни, додека Лори планира да се жали за изречената казна.

- Реклама -