После успешната „Dove“ реклама, стигна уште еден хит

Минатата година кампањата за вистинската убавина го полуде светот.А сега  ни пристигна уште една нова хит реклама.

Кога станува збор за ланската реклама, во  прашање беше еден од најголемите интернет хитови, видео кое прикажува како жените се гледаат самите себе, а досега рекламата има повеќе од 65 милиони прегледи на Youtube.

Очигледно Dove сакаат да го повторат успехот, па нивната реклама за помалку од еден ден собра повеќе од милион прегледи.

Овој пат концептот е осмислен на тој начин што на жените им е претставен „чудесен фластер“ кој би требало да им помогне да се чувствуваат најубаво во своето тело. Нормално, во прашање е placebo, со оглед на тоа дека е во прашање обичен, а не чудесен фластер, а кампањата сака да покаже дека убавината е само состојба на умот.

- Реклама -