Мајмунче со куче чувар

Повеќе... Загрижени дека возрасните мајмуни би можеле да го повредат малото мајмунче кое останало без мајка, чуварите од зоолошката градина во градот Jiaozuo во Кина му обезбедиле куче чувар.


monkeyguarddog.jpgЗагрижени дека возрасните мајмуни би можеле да го повредат малото мајмунче кое останало без мајка, чуварите од зоолошката градина во градот Jiaozuo во Кина му обезбедиле куче чувар.

Откако морале да интервенираат неколку пати за да го спасат животот на мајмунчето, чуварите му обезбедиле дресирано куче за да го чува. Кучето со име Sai Hu одлично си ја извршува должноста. Секогаш кога мајмунчето е во опасност, кучето – чувар им лае и ги брка возрасните мајмуни кои сакаат да го повредат. Малото мајмунче, пак, секогаш кога ќе „намириса“ опасност скока на грбот на кучето и се држи цврсто. Според зборовите на чуварите, мајмунот кој е алфа мажјак е навистина несреќен откако Sai Hu почна да му ги расипува плановите. Тој се обидел неколку пати да организира заседи кои му пропаднале заради будното око на Sai Hu. Какво куче херој!

- Реклама -