10 намирници за совршена кожа

Дали сте уморни од користење на различни скапи и неефикасни козметички производи?

Време е да ги фрлите сите тие неефикасни продукти и да започнете да јадете храна за совршена кожа. Додека некои видови намирници можат да ја влошат состојбата на вашата кожа, овие продукти само ќе ја подобрат. Проверете ја листата од 10 намирници кои треба да ги јадете секојдневно за совршена кожа.

1. Црвена пиперка

Red bell peppers

Црвената пиперка е вкусен зеленчук и како варен и како суров оброк. Една црвена пиперка содржи повеќе од 100% од дневната потребна доза на витамин Ц. Исто така содржи значајни количини на диетални влакна и витамин Б6. Покрај тоа, богата е и со каротеноиди кои помагаат да се спречи појавата на брчки и да се зголеми циркулацијата на крвта, помагајќи да изгледа помладешки. Црвените пиперки се исто така одлични во борбата против акните.

2. Темно чоколадо

Dark chocolate

Ова е едно од омилените јадења за секојдневно конзумирање за совршена кожа. Темното чоколадо е богато со антиоксиданси, масни киселини и флавоноли кои обезбедуваат блескава кожа. Антиоксидансите во темното чоколадо помагаат да се намали грубоста во вашата кожа и ја штити од сончевата штета. Згора на тоа, какаото ги релаксира артериите, зголемувајќи ја циркулацијата во крвта која води до поздрава кожа.

3. Лосос

Salmon

Лососот е одлична храна со која можете да се борите против стресот, анксиозноста и депресијата. Лососот, исто така, обезбедува и дневна потреба од витамин Д, кој пак е корисен за оддржувањето на здраво срце, коски, дебело црево и мозок. Лососот е богат и со омега-3 масни киселини, кои се одлични во борбата со воспаленијата, брчките и акните. Покрај тоа, јадењето лосос го оддржува вашиот скалп хидратиран и обезбедува силна, здрава коса.

4. Кокосово масло

Coconut oil

Кокосовото масло е едно од најбогатите извори на заситени масти со околу 90 проценти од калориите како заситени масти. Содржи и лаурик киселина, моќен антибактериски и антивирусен агент кој држи подалеку од вируси, инфекции, воспаленија и акни. Кокосовото масло е богато со есенцијални масни киселини и витамин Е, кои се совршени за оддржувајќи ја кожата влажна, мека и мазна. Особено добро е и за тироидната жлезда.

5. Зелен чај

Green tea

Одличен извор на антиоксиданси и уникатна амино киселина, Л-теанин што помага на вашето тело да се релаксира и да го намали стресот. Кога чајот е топол, бионичкиот пијалок ослободува катехини, вид на антиоксиданс со докажани анти-канцер и анти-воспалитени својства. Исто така, може да го намали ризикот од развој на висок крвен притисок.

6. Спанаќ

Spinach

Спанаќот е здрава и богата намирница со хранливи состојки која сигурно треба да ја вклучите во вашата секојдневна исхрана. Можеби мразите спанаќ, но тоа е одличен извор на железо, фолна киселина, хлорофил, витамин Е, магнезиум, витамин А, влакна, растителни протеини и витамин Ц. Спанаќот содржи антиоксиданси кои се борат против сите видови на проблеми со кожата.

7. Семиња

Seeds

Чиа семиња, сончогледови семиња, семиња од тиква и лен се одлични за вашата кожа. Семките од тиква и сончоглед се богати со селен, витамин Е, магнезиум и протеини. Селенот и протеините ги намалуваат брчките, витаминот Е ја подобрува влагата на кожата и магнезиумот го намалува нивото на стрес. Здравите омега3 масни киселини во семињата чиа и лен се совршени во борбата со брчки и акни.

8. Целер

Celery

Уште една храна за дневно внесување за совршена кожа. Многумина го потценуваат овој зеленчук, но тој е богат со витамин К која ја оддржува циркулацијата на крвта здрава и помага во намалување на крвниот притисок. Исто така, целерот содржи природен натриум, калиум и вода, и може да спречи дехидрација.

9. Папаја

Papaya

Папајата е прекрасен плод кој има богата историја и бројни хранливи придобивки. Има многу ниско ниво на калории (само 39 калории на 100гр) и исто така содржи холестерол. Одлична храна за убавина, антиоксидансите кои се наоѓаат во него, вклучувајќи витамин Ц и Е, бета-каротен, се одлични во намалување на воспалението и појавата на акни, а штити од сончевите зраци.

10. Моркови

Carrots

Морковите се добри не само за вашите очи, туку и за вашата кожа. Богати се со витамин А и помагаат и спречуваат хиперпродукција на клетките во надворешниот слој на кожата. Витаминот А го намалува развојот на клетките на рак на кожата.

- Реклама -