Ако имате ваква менструација, обратете се кај вашиот доктор

Ако за време на менструалниот циклус тампонот или влошката треба да ја менувате на секој саат време, ли ако вашиот период трае повеќе од седум дена, треба да се јавите на вашиот доктор или гинеколог.
Некои истражувања покажаа дека 80 проценти од жените нема да побараат помош поради преобилните менструации.

Причината може да биде пореметување на крварењето. Истражувањата покажуваат дека 25 проценти од жените со обилни менструации имаат такво пореметување, а за тоа да не се ни свесни. Контрацептивните пилули можат да помогнат во регулирањето на крварењето, како и во случај ако причината за обилното крварење е хормонална нерамнотежа.

Постои можност и обилното крварење да биде предизвикано и од миоми или полипи, што е уште еден случај кој би требало да биде под медицински надзор.

Проблемот кај обилните крварења е појавата на анемија, која е честа придружба на таквите состојби.

Еден од најважните начини обилната и болната менструација кај инаку здрави жени се спречи или минимизира е исхраната. Треба да се исфрли црвеното месо, пилешкото и жолчките од јајцето, да се намалат млечните продукти и сите видови на преработена храна- во основа се што содржи големи количини на сол и шеќер.

Исхраната треба да биде базирана на обошје, кое ги зајакнува крвните садови, и зеленчук, сурово и слабо варено, кое е извор на калциум, магнезиум и калиум.

Важна е физичката активност, која придонесува за целокупното подобрување на телото и негова поголема отпорност.

- Реклама -