Најлудите демначи на славни личности (втор дел)

stalking--.jpg Прочитајте за Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Ленон, за Германката која се вљубила во Ричард Гир, за момчето кое сакало да се моли со Мел Гибсон, за доставувачот на пица кој се опседнал со Гвинет Палтроу…
 

Прочитајте за Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Ленон, за Германката која се вљубила во Ричард Гир, за доставувачот на пица кој се опседнал со Гвинет Палтроу…
 

lennon_and_chapman.jpg
markdavidchapman.jpg

 

Ѕвезда: Џон Ленон
Демнач: Марк Дејвид Чепмен (сега има 53 години)
Убиство: На 8 декември 1980 година Џон Ленон и Јоко Оно излегле од апартманот во Њујорк за да одат во музичкото студио. Меѓу обожавателите кои чекале автограм бил и Чепмен. Фотограф кој бил на местото го сликал Ленон како за Чепмен го потпишува албумот Double Fantasy. На враќање таа вечер, кога Џон и Јоко се приближиле кон влезот, Чепмен му довикнал на Ленон и кога муичарот се свртел Чемпен испукал 5 куршуми. Еден го промашил, но останатите четири го погодиле Џон Ленон. По убиството Чепмен останал мирен, а при апсењето како изјава ја дал Ловец во ржта од Селинџер.
Резултат: Чепмен е осуден од 20 години до доживотна казна затвор. Тој се наоѓа во затворот во Атика и на 12 август 2008 година по петти пат му беше одбиено барањето да биде пуштен на условно. 

richardgere2.jpg

Ѕвезда: Ричард Гир
Демнач: Урсула Рајхарт – Хабишо, 51 годишна мајка на четири деца на возраст меѓу 16 и 22 години
Манијачење: Го барала Гир по телефон, факс и email околу 1000 пати и се појавила во неговата канцеларија шест пати.
Резултат: Ја избегнала затворската казна бидејќи веднаш се вратила во Германија, но направила дополнителна драма кога се онесвестила пред судницата во моментот кога некој камерман и` се приближувал.
 

gwyneth_paltrow.jpg 

Ѕвезда: Гвинет Палтроу
Демнач: Данте Мајкл Сој, 51 годишен доставувач на пица
Манијачење: Во 2000 година, Мајкл и праќал на Гвинет пет писма дневно, заедно со пакети со порнографски материјали, цвеќиња, слатки и пици, а неколку пати се појавил и во куќата на нејзините родители.
Резултат: На судењето е прогласен за луд и сместен во психијатриска болница во Калифорнија
 

mel_gibson_image.jpg
zack_sinclair.jpg

 

Ѕвезда: Мел Гибсон
Демнач: Зек Синклер, 34 годишен
Манијачење: Синклер бил опседнат со актерот откако Гибсон го сними The Passion of the Christ. Во 2004 година Синклер му праќал многубројни писма на Гибсон, а се појавувал и пред неговата куќа и во црква обидувајќи се да се моли заедно со актерот.
Резултат: Освен три годишната затворска казна, тој е испратен и во психијатриска установа со максимална заштита.

janet-jackson-.jpg 

Ѕвезда: Џенет Џексон
Демнач: Роберт Гарднер, 46 годишен човек (На полицијата веќе познат како демнач)
Манијачење: Гарднер мислел дека е во врска со Џенет џексон. Ја следел девет години, и праќал многубројни пораки, се појавувал на различни настани и проби за настапи. На проба за Saturday Night Live е фатен како носи нож.
Резултат: На Џексон и` одобриле забрана за приближување во траење од три години

- Реклама -