Најлудите демначи на славни личности (прв дел)

stalking.jpg Кога познатите ѕвезди нè убедуваат дека славата не е лесна некако ни е тешко да ги сожалуваме. Првото нешто што си го помислува обичен смртник е – за тие пари да се сликнеш еднаш-два пати и не е многу тешка работа. Но, кога ќе прочитате какви лудаци им се појавуваат пред куќа, им нудат брак или уште полошо, им се закануваат со убиство сфаќате дека анонимноста не е за потценување. За љубопитните, еве ги најлудите демначи со кои ѕвездите се соочиле.

Кога познатите ѕвезди нè убедуваат дека славата не е лесна некако ни е тешко да ги сожалуваме. Првото нешто што си го помислува обичен смртник е – за тие пари да се сликнеш еднаш-два пати и не е многу тешка работа. Но, кога ќе прочитате какви лудаци им се појавуваат пред куќа, им нудат брак или уште полошо, им се закануваат со убиство сфаќате дека анонимноста не е за потценување. За љубопитните, еве ги најлудите демначи со кои ѕвездите се соочиле… 

john-hinckley-jodie2.jpg
jodie_foster_-_taxi_driver.jpg

 

 

 


Ѕвезда
: Џоди Фостер
Демнач: Џон Хинкли
Манијачење: Хинкли се опседнал со Фостер откако го гледал филмот Таксист каде таа глуми малолетна проститутка и бил вознемирен затоа што актерката не му ги возвраќала чувствата. Се преселил блиску до неа кога Фостер се запишала на Yale и и` оставал поеми и пораки под вратата. Кога видел дека тоа не функционира, решил да му направи атентат на претседателот за да и` го привлече вниманието. Се обидел да го убие Џими Картер, но го уапсиле, па во 1981 година испукал шест куршуми кон новиот претседател Роналд Реган.

 
{youtube}p9oGGneQq7A{/youtube}

Резултат: Хинкли го уапсиле кога пукал во Реган и до ден денес е во затвор
 

dawnette-knight.jpgcatherine-zeta-jones---.jpg

Ѕвезда: Кетрин Зета Џонс
Демнач: Донет Најт, 32 годишна девојка која планирала да стане детски психолог
Манијачење: Во 2004 година Најт и праќала заканувачки писма на актерката, опишувајќи како ќе ја исецка и ќе ги нахрани кучињата со неа. Таа го знаела името на дадилката, како и нацрт планот на куќата на Џонс.
Резултат: Кетрин Зета Џонс за малку се спасила од нервен слом, а Најт е осудена на три години затвор.

halle-berry-2.jpg

Ѕвезда: Хали Бери
Демнач: Грег Брусард, 40 годишен Американец кој тврдел дека е маринец
Манијачење: Бог му кажал дека треба да се ожени со Хали Бери, па и испраќал писма кажувајќи и дека „иако не сака да повреди никого“, тој ќе направи се за да дојде до неа. Со писмата праќал и подароци, меѓу кои и свршенички прстен.
Резултат: Со оглед на неговото минато – мајка му викнала полиција кога одбивал да ги пие лекарствата за хемиски дисбаланс во 2001 година, на актерката и го одобриле барањето за забрана за приближување.

jennifer-love-hewitt-1.jpg
steven_spielberg_foto.jpg

Ѕвезда: Стивен Спилберг и Џенифер Лав Хјуит
Демнач: Диана Наполис
Манијачење: Диана Наполис на Спилберг му се заканувала со насилство бидејќи верувала дека режисерот и неговата сопруга се дел од сатанистички култ кој сакал да ги контролира другите луѓе. Таа ја следела Хјуит на различни јавни настани викајќи по неа и нарекувајќи ја убиец, затоа што мислела дека актерката се обидува да ја убие со ментална контрола на постапките на Диана.
Резултат: Пуштена е на условно, со наредба да прима лекарства и да не им се приближува на Спилберг и Хјуит следните десет години.

- Реклама -