Токсични и канцерогени состојки што ги има во козметиката

Современиот човек не може да си го замисли секојдневието без козметика. Разни детергенти, козметика за нега и убавина, машка козметика… Но, дали овие производи се безбедни?

Можеби, но треба да се знае дека следниве 12 токсични и канцерогени компоненти се редовен придружник на вашите препарати за разубавување.

Benzoyl Peroxide: Се користи најчесто во производите против акни. Се смета дека тој може да предизвика тумори и мутации, а може да доведе и до оштетување на човековите ДНК клетки. Токсичен е при вдишување. Ги иритира очите и кожата и го отежнува дишењето.

DEA (Diethanolamine), MEA (Monoethanolamine), TEA (Trietanolamine): Ова се супстанции чија улога е да создаваат пена. Ги раздразнуваат очите и кожата и предизвикуваат дерматит. Лесно се апсорбираат преку кожата и се акумулираат во органите, меѓу кои и мозокот.

Dioxin: Се наоѓа претежно во антибактериските супстанци кои се додаваат во производите за чистење и детергентите. Диоксинот предизвикува рак, го ослабува имунолошкиот систем, предизвикува нарушувања на нервниот систем, а може да доведе и до спонтан абортус или деформации на плодот.

DMDM Hydantoin и Urea (Imidazolidinyl): Овие два конзерванса ослободуваат формалдехид, кој може да предизвика болки во зглобовите, рак, кожни и други алергии, депресија, главоболка, болки во градите, инфекции на увото, хроничен замор, вртоглавица и несоница.

CI бои и пигменти: Синтетичните бои, кои се добиваат од катран при преработката на нафтата, содржат тешки метални соли, кои ги задржуваат токсините во кожата и предизвикуваат висока чувствителност и раздразливост. При апсорпција во кожата, тие можат да предизвикаат недостаток на кислород и тоа да доведе до смрт. Истражувањата покажуваат дека скоро сите вештачки бои се канцерогени.

Paraben-(Methyl, Butyl, Ethyl, Propyl-paraben): Се користат како конзерванси и не секогаш се наведени на етикетите. Ги има во дезодорансите и други производи за кожата. При многубројните медицински истражувања, овие сусптанци се најдени токму во клетките на туморите на ракот на дојка. Paraben-ите можат да доведат до стерилност кај мажите, хормонален дисбаланс кај жените и преран пубертет кај децата.

Прочитајте и:  Придобивките од цинкот за нашето тело и колку можеме да внесуваме дневно

PEG (Polyethylene glycol): Се добива преку етоксилирање на пропиленот. При овој процес како краен производ се добиваат опасно високи количини на диоксин. Полиетилен гликолат има во сите видови козметика, во сите масла за сончање, како и во бебешката козметика.

Фталати (Phthalates): Ги има во многу производи и обично не наведени на етикетите. Штетата што ја предизвикуваат врз здравјето се манифестира преку проблеми со црниот дроб и бубрезите, породилни дефекти и намалување на квалитетот на спермата. Во одредени случаи предизвикуваат предвремен развој на гради кај девојчињата, но и кај момчињата.

Propylene Glycol (PG) и Butylene Glycol: Ги има во кармините и сјаевите за усни. EPA (Американската агенција за заштита на животната средина) ги смета за толку токсични што при работа со нив строго препорачува да се користат ракавици, заштитна облека и очила. Исто така предупредува дека при директен контакт со нив може да дојде до сериозни оштетувања на мозокот, црниот дроб и бубрезите.

Sodium Lauryl Sulfate (SLS) и Sodium Laureth Sulfate (SLES): Се користат претежно во детергентите за перење, во препаратите за чистење на подот, во препаратите за чистење на тешки масти, но и во 90% од козметичките производи кои прават пена. Овие сулфати предизвикуваат проблеми со очите, отежнато дишење, дијареа, кожни надразнувања и во некои случаи, дури и смрт.

Хемиски филтри за сончање: Avobenzone, benzphenone, ethoxycinnamate, PABA се најчестите состојки во кремите и маслата за на плажа. Тие се извор на слободни радикали. Научниците сметаат дека ја оштетуваат ДНК-та и можат да доведат до рак.

Tridosan: Синтетичка, антибактериска состојка. EPA ја регистрира како пестицид, наведувајќи дека претставува ризик за човековото здравје и животната средина. Класифициран e како хлорофенол (chlorophenol), хемикалија која се смета за еден од предизвикувачите на рак.

- Реклама -