Недостатокот на витамин C го забрзува стареењето

За тоа сведочат објавените резултати на јапонски научници од Институтот за Геронтологија и Универзитетот за медицина и стоматологија во Токио, под раководство на Акихито Исигами. Преку обиди на генетска основа тие утврдиле дека ако нема доволно количество на витамин Ц во организмот, тоа води до мутации и го зголемува ризикот од разни заболувања, а целокувпното стареење се забрзува до 4 пати.

 

Нормативно препорачаната дневна доза на витамин Ц е 60 мг, со тоа што  таа може да се внесува од природни извори при целосна и разновидна исхрана.

 

Најбогати со витамини се различните видови храна од растително потекло –  црешите, малини, домати, пиперки, спанаќ. Експертите препорачуваат дневната доза на витамин Ц да се зголемува пропорционално на физичката активност, но не смее да надмине 1 грам.

- Реклама -